Кејн денеска на медицински прегледи кои ќе ја утврдат сериозноста на повредата

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на Тотнем,
Хари Кејн синоќа се повреди на гостувањето кај Евертон каде „Спарси“ одиграа
реми со резултат 2-2, а двата гола ги постигна токму Кејн кој се здоби со
повреда во самата завршница од мечот.

Се работи за повреда
на глуждот, но постои нешто добро од лошата вест за целата англиска фудбалска
јавност, а тоа е фактот што Кејн можеше сам да го напушти теренот без
дополнителна помош, што е олеснителна околност за вестите кои се очекуваат од
неговата повреда, како и да е, болките беа забележителни.

27 годишниот
напаѓач денеска ќе биде подложен на медицински прегледи кои ќе ја утврдат
сериозноста на повредата, со што ќе се дознаат одредени детали на прашањето
дали ќе отсуствува, односно доколку отсуствува од терените, дали ќе се работи
за подолг период.

Големи дилеми
преовладуваат во Тотнем моментов, со оглед на фактот што „Спарси“ ги очекува
меч против Саутемптон на домашен терен во четврток, а победа е повеќе од
потребна во битката за излез во Европа идната сезона, но идната недела на
програмата е финалната пресметка во Карабао купот против Манчестер Сити, што е
можност за трофеј за клубот од Лондон.

Кејн го запиша
својот 31 гол сезонава во сите конкуренции за Тотнем, а со 21 гол во моментов е
прв стрелец во Премиерлигата, со два гола предност во однос на Мохамед Салах од
Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани