Мурињо веќе извесен период ги подготвувал играчите на Тотнем за финалето од Карабао Куп, но Даниел Леви не му дозволи да го води тимот на мечот на кој можат да освојат титула по долго време.
Потегот баш сега да му се врачи отказ на Мурињо ги изненади сите, па дури и тие внатре во клубот како што е Хари Кејн.
„Бев изненаден од отказот на Мурињо, тотално сум искрен. Дојдов тоа утро и веројатно дознав 5-10 минути пред да биде официјално соопштено на јавноста“, вели Кејн.
„Голем дел од фокусот беше ставен на финалето од Карабао Купот се подготвувавме за тоа, н видете, тоа е фудбал. Сум бил тука додека неколку тренери добиле отказ, мислам дека не очекувате тренерот да ви добие отказ, но тоа е дел од играта и треба да се справите со тоа“.
„Имав одличен однос со Жозе Мурињо, му посакувам се најдобро без разлика каде ќе биде неговата следна работа“.