Ќе успее ли Инзаги таму каде што Конте и Спалети потфрлија?

by
1 минути читање

По четири одиграни кола Интер собра седум бода и се наоѓа зад Реал Мадрид, а пред Шериф и Шахтар на табелата, со изгледни шанси за пласман во осминафиналето од ЛШ.

Во изминатите три сезони Интер не успеваше да стигне до нокаут фазата, двапати под водство на Конте, еднаш со Спалети.

Минатата година Интер имаше една победа, три нерешени и два порази, тоа беше доволно за последното место, па не изборија ниту продолжување во Лига Европа. Нероазурите под водство на Конте беа елиминирани во групната фаза и во сезоната 2019/20.

Претходно ниту со Спалети не успеаа да дојдат до осминафинале. Тогаш во сезоната 2018/19, Интер тргнга одлично со победи над ПСВ и Тотнем, но потоа следуваа два порази и две нерешени кои не беа доволни за останување во ЛШ.

Дали Интер сега конечно ќе го скрши малерот и ќе ја помине групната фаза, ќе видиме, но шансите за тоа се реални.

Доколку во следното коло го победат Шахтор во Милано, а Реал Мадрид го совлада Шериф, Инзаги на коло пред крајот ќе го направи тоа што не им успеа на Конте и Спалети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани