3,3K
Англија донесе одлука, сега Шпанија е на ред, навивачите полека ќе се враќаат на трибините и во оваа земја.
На фановите не им беше дозволено да бидат присутни на стадионите од март минатата година кога почна да се шири пандемијата на коронавирус.
„Ќе зборуваме со владата да може да бидат присутни по 3.000 навивачи на стадионите“, потврди Тебас.
Во Шпанија се дозволи лимитирано враќање на публиката на непрофесионалните лиги, па се очекува владата да го прифати барањето на Ла Лига.