„Ќе се борам до смрт со кој и да дојде“ – Кејлор Навас испрати порака до Флорентино Перез

by
1 минути читање

И покрај тоа што репрезентативецот на Коста Рика прикажува одлични партии, често се говори дека Реал Мадрид сака да донесе нов голман.

Во 2015 „Кралевите“ беа на чекор до ангажман на Давид Де Геа, зделката пропадна во последен миг откако Манчестер јунајтед не ја испрати на време документацијата.

Давид Де Геа и ова лето се поврзуваше со Реал Мадрид, а шампионот на Европа пројавува интерес и за Џиџо Донарума.

Во разговор со Марка, Кејлор Навас сега упати порака до претседателот Флорентино Перез.

„Ќе со борам до смрт со кој и да дојде“ – вели голманот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани