157
ПСЖ веќе ја
лансирал својата понуда до дефанзивецот Антонио Ридигер, за негов ангажман во
летниот преоден рок, со тоа што Германецот тогаш ќе биде слободен играч на
трансфер пазарот поради истекот на договорот со Челси.
28 годишниот
Ридигер е на прагот да си замине од „Стемфорд Бриџ“ без никакво обештетување,
што би било голем удар за Премиерлигашот, а во Франција наведуваат дека Ридигер
има понуда од 7 милиони евра
по сезона од ПСЖ..
Претходно се
наведуваше дека преферираната дестинација за Ридигер за трансфер е Мадрид, во
Реал, меѓутоа се верува дека преговорите со тој клуб веќе завршиле неуспешно.