Ќе има драма во Серија А: Јувентус, Рома, Лацио и Болоња се во еден бод (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Јувентус

Јувентус и Болоња одиграа 1-1, па во последните три кола ќе има голема драма во Серија А во битката за четвртата позиција на табелата, дури четири екипи ќе се надеваат на пласман во Лигата на шампиони.

Лацио попладнево со 0-1 славеше против Емполи, со истиот резултат Рома ја совлада Фиорентина, а вечерва Болоња и Јувентус одиграа 1-1, па овие четири екипи се во еден бод на три кола до крајот.

Јувентус со 63 бодови во моментов е на четвртото место, последно кое води во Лигата на шампиони, исто толку имаат и Рома и Лацио, додека пак Болоња е седма со 62 бодови.

„Старата дама“ пропушти да ја отпише барем Болоња, поведе рано со голот на Турам во 9. минута, но домаќините не се предадоа и преку Фројлер во 54. минута стигнаа до 1-1 за да ги искомплицираат работите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани