Французинот ја
одработува суспензијата од четири натпревари и не може од клупата да ги
предводи „Топчиите“.
Но за разлика од
претходните два натпревари кога беше во ложата, за пресметката со градскиот
ривал Челси, тој ќе седи помеѓу навивачите на домашниот тим.
На Арсен Венгер
му е дозволено да дели совети во соблекувалната пред почетокот на натпреварот и на полувремето,
како и да комуницира со тренерскиот персонал за време на натпреварот.
Па за полесно да
ги изврши овие задачи, тој ќе треба да седи на Ист Стенд помеѓу домашните
фанови, а не во ложата на Стемфорд Бриџ која се наоѓа на спротивната Вест
Стенд.
Челси ќе постави
дополнителни стјуарди да се грижат за безбедноста на Арсен Венгер, а и
Французинот ќе си донесе свое обезбедување од Арсенал за да нема никаков
проблем.