„Казахстан не смееме да го потцениме, теренот не треба да биде проблем“

by Стефан
1 минути читање

Во утрешниот натпревар на клупата на Македонија поради третот жолт картон во квалификациите нема да биде Благоја Милевски и него ќе го наследи Роберт Стојановски.

Првиот асистент на Милевски потенцираше дека Македонија не смее да го потцени Казахстан.

„Ќе играме против добар тим ккој не смееме да го потцениме. Ги почитуваме и очекуваме пред се наше најдобро издание“, најави Стојановски.

Смета дека вештачкиот терен не треба да биде проблем за македонските репрезентативци.

„Фудбалерите се професионалци и подготвени се да играат на било кој терен. Кога е мотивацијата во прашање, кога се игра за репрезентацијата, секогаш има желба и никогаш не се доведува во прашање. Тактиката ќе ја одлучиме по тренингот, Казахстан се потпира колективот и не би можел некој посебно да издвојам“, истакна Стојановски.

Натпреварот, Казахстан и Македонија го играат во терминот од 16:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани