153
Според
известувањата на аргентински „ТиЦ“, се верува дека напаѓачот на Манчестер
јунајтед, Единсон Кавани се подготвува за трансфер во Барселона, каде би
требало да го замени Серхио Агуеро кој објави крај на кариерата.
Актуелниот
договор на 34 годишниот уругвајски напаѓач со Манчестер јунајтед истекува
идното лето, а иако се споменуваше Јувентус како негова можна следна
дестинација, сепак веројатно е дека тој ќе заврши на „Камп Ноу“.
Бока Јуниорс
имаше преговори со искусниот Уругваец, кој се чини дека приоритет му е да го
облече дресот на Барселона.