162
Договорот на Кавани со Манчестер јунајтед истекува во јуни 2022, но поради малата минутажа која ја добива по доаѓањето на Роналдо, би можел да замине од Олд Трафорд уште во јануари.
Јувентус има најлоша статистика за постигнати голови од топ 10 клубовите во Серија А оваа сезона, па офанзивната криза сакаат да ја решат со Кавани.
Покрај Кавани, Јувентус се поврзува и со Влаховиќ и Скамака, но се верува дека најлесно во јануари можат да стигнат до Уругваецот.
Доколку Кавани се пресели во Јувентус, тоа ќе биде негово враќање во Серија А каде што се прослави. Од 2007 до 2010 настапуваше за Палермо, а потоа во следните три години го носеше дресот на Наполи.