203
Кавани одигра 138 натпревари за Наполи и постигна 104 голови, а потоа замина во ПСЖ.
Додека бил во Наполи имал понуди и од Јувентус и Интер, но ги одбил поради љубовта кон клубот од Неапол.
„Секогаш ќе му бидам благодарен на Наполи. Од таа причина одбив многу италијански клубови, вклучувајќи ги и Јувентус кои често ме бараа, и Интер“, вели Кавани.
„Не можев да направам таков гест на Наполитанците. Кога мислам на Неапол, мислам на уживање. Знам дека направиви многу за нив и тие се уште продолжуваат да ми оддаваат почит за сето тоа“.
За разлика од него, Гонзало Игуаин немаше проблем од Наполи да се пресели во Јувентус, но за наполитанските навивачи тој стана најголемиот предавник.