244
Манчестер
јунајтед наводно го убедил 34 годишниот напаѓач Единсон Кавани да остане во
редовите на Премиерлигашот и за идната сезона, тврди „ЕСПН“, а очекувањата се
ветеранот да ја објави својата одлука идната седмица.
Извесен период се
шпекулираше дека Кавани на лето ќе се пресели во редовите на Бока Јуниорс, а самиот
тој пред еден месец јавно нагласи дека не се чувствува удобно во Англија.
Кавани одигра
маестрална партија за Манчестер јунајтед во убедливата победа од 6-2 над Рома
на домашен терен во првиот меч од полуфиналето во Лига Европа, постигнувајќи
два гола за „Црвените ѓаволи“ кои со една нога се веќе во финалето.