Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Инс смета дека Единсон Кавани е вистинското засилување за нападот на Солшер.
Кавани блесна на мечот со Саутемптон. Манчестер јунајтед губеше со 2-0, тој влезе, направи асистенција за Бруно Фернандеш, а потоа даде два гола со кој неговиот тим го сврте резултатот и победи со 3-2.
„Кавани е светска класа. Тој не е од оние кои ќе трчаат низ теренот или ќе работат многу во дефанзивата, но кога ќе му дадете топка во вистинска позиција тој ќе ја смести во мрежата, ќе дава голови“, вели Пол Инс.
„Кавани е тоа што му треба на Манчестер јунајтед, вистински напаѓач. Марсијал не е центарфор, тој може да игра по страничните позиции, но не е централен напаѓач“.
„Единсон е светска класа. Знае каде да се намести, има чувство за голови и мислам дека ќе постигне многу голови оваа сезона за Јунајтед“.
„Тој е во 30тите, не може да стартува на секој меч, но може да биде клучен како што беше на мечот против Саутемптон“.
„Не сум сигурен дали може да го почне секој натпревар, но Солшер во Кавани има опција која ќе му донесе голови на тимот“.