Генералниот
извршен директор на Интер оваа недела даде неколку интервјуа за медиумите од
Италија и порача дека тие не помислуваат да се разделат со Лаутаро Мартинез, и
единствен начин некој да го купи Аргентинецот е да ја плати откупната клаузула
од 111 милиони евра.
И не само тоа,
тој предупреди дека клаузулата може да се активира само до 7. јули.
Ова беше повод за
напад од страна на каталонските медиуми. Мундо Депортиво го обвини директорот
дека лаже. Весникот, повикувајќи се на извори од Барселона и придружбата на Лаутаро
Мартинез, пошува дека откупната клуазула важи до 15. јули.
МД додава дека со
ваквите невистини Интер се обидува да изврши притисок врз Барселона, но
„каталонците“ не брзаат. Исто така, весникот уште еднаш потврди дека клубот од
Камп Ноу нема намера да плати 111 милиони евра, и „нероаѕурите“ ќе мора да
прифатат помала сума на пари (70 милиони евра) плус еден играч.