Каталонците објавија фотографија: Бевме елиминирани од пријателот на Реал Мадрид (ФОТО)

by Стефан
2 минути читање

Барселона и Интер вчера го одиграа едно од највозбудливите полуфиналиња во историјата на Лигата на шампионите, но на крајот италијанскиот гигант успеа да се пласира во финалето. Двата натпревари завршија со идентични 3:3, а „нераѕурите“ беа поснаодливи во продолженијата, каде постигнаа одлучувачки гол за билет за Минхен.

Натпреварот не помина без контроверзи и во фокусот по последниот свиреж се најде полскиот судија Шимон Марчињак, кој според каталонските медиуми, донел низа сомнителни одлуки во корист на Интер. „Мундо Депортиво“ потсетува дека Марчињак во минатото покажал „пријателски однос“ со Реал Мадрид, а на социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа како во соблекувалната носи торба со амблемот на „кралскиот клуб“.

Во написите се наведува дека токму Марчињак бил тој кој поништи пенал за Атлетико Мадрид против Реал, а сега, според нив, повторно влијаел на исходот – овојпат на штета на Барселона.

Тренерот на Барса, Ханси Флик, по мечот изјави дека „секоја спорна ситуација беше судена во корист на Интер“, а неговото мислење го споделија и фудбалерите Иниго Мартинез и Педри.

И покрај контроверзите, факт е дека Интер ќе игра во финалето на Лигата на шампионите на 31 мај во Минхен. Барселона ќе мора да се задоволи со трофеите од Купот и Суперкупот на Шпанија, но ова испаѓање остави горчлив вкус кај каталонската јавност.

Фото: FC Barcelona/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани