Касиљас во првите борбени редови во справувањето со пожарите во неговото родно место (ФОТО)

by
1 минути читање

Селото Навалакруз
е единствено познато по тоа што е родно место на поранешниот легендарен голман
на Реал Мадрид, Икер Касиљас, а сега за него се зборува само за опасниот пожар
кој демне врз самото село.

Речиси 15 илјади
хектари биле уништени од пожарите во тој предел, а во справувањето со огнената
стихија се приклучи и Касиљас кој за случувањата објави на социјалните мрежи.

Вие сте големи
луѓе, пријатели на Навалакруз, можам слободно да кажам пријатели, а всушност
јас мислам на семејство, сево ова ќе биде запаметено како и други приказни,
иако оваа ќе биде посебна, која можеби и не би сакале да ја споделуваме
“ беше
неговиот коментар во една од неговите објави на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×