Касемиро со солзи во очите се прости од Реал Мадрид: Морам специјално да ги спомнам Модриќ и Крос…

by
1 минути читање

По речиси десет години во Реал и освоени 18 трофеи, Касемиро заминува од Мадрид и започнува нова авантура во Манчестер јунајтед.

Бразилецот денеска се појави на церемонија во тренинг центарот и со солзи во очите кажа збогум.

„Добро утро на сите. Кога јас и мојата сопруга пристигнавме тука, никој не не познаваше. Дојдовме во нова земја и изградивме живот и семејство. Паметам кога за прв пат добив повик од Реал Мадрид, бев многу возбуден и покрај тоа што знаев дека ќе се преселам во Кастиља тимот. Бев возбуден бидејќи знаев дека ќе ги научам вредностите на клубот“ – рече Касемиро.

„Освоив многу титули, но најголема победа е тоа што секој ден доаѓав да тренирам. Сакам да им се заблагодарам на сите, на моето семејство, на сопругата, на клубот, на сите сегашни и поранешни соиграчи“.

„Морам особено да ги спомнам Модриќ и Крос… никогаш нема да ги заборавам! Заедно освоивме многу. Сигурен сум дека еден ден ќе се вратам, сакам да се оддолжам за сета љубов која ја добив“.

„Возбуден сум што ќе продолжам да се развивам во клуб како Манчестер јунајтед“.

„Претседателе ви благодарам за се. Клубот има светла иднина со вас. Хала Мадрид!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×