Касемиро од 2013
година е член на мадридски Реал, клуб за кого 29 годишниот Бразилец досега
одигра 200 натпревари, а нему особено му се допаѓа фактот што во редовите на „Кралевите“
играл во друштво на Модриќ и Крос, па вели дека ќе има што да им раскажува на
своите внуци.
„Привилегија е да
се игра толку долго за најголемиот клуб на светот, а имам чувство дека по
крајот на мојата кариера ќе можам да разберам што всушност значи сево ова,
односно колку сум успеал“ изјави Касемиро за „ЕСПН“.
„Да се игра во
друштво на Лука Модриќ и Тони Крос е вистинска привилегија, го ценам фактот што
сум играл заедно со нив во ист тим, а ќе им кажам на моите внуци дека играв
заедно со двајца извонредни фудбалери“ додаде Бразилецот, кој не го заборави
ниту Карим Бензема.
„Привилегија е
воедно да се игра и во друштво на Бензема, му упатувам јавно поддршка да ја
освои Златната топка“ подвлече Касемиро.