За разлика од минатата сезона, Рома во новата има посилен, поискусен тим и со поширок ростер. Доаѓањето на играчи како Дибала, Вајналдум, Матиќ… овозможи за нив да се зборува како за едни од кандидатите за Скудетото.
Но, Касано не само што не се сложува со таквите мислења, според него Рома ќе се мачи во новата сезона да дојде и до топ четири.
„Сега сите зборуваат за можност Рома и Мурињо да го освојат Скудетото“, вели Касано.
„Но јас секогаш преферирам да зборувам за работите откако ќе бидат направени. Според мене, Рома ќе се мачи да дојде до топ четири во лигата оваа сезона“.
„Тие имаат некои добри фудбалери, ништо посебно. Изгледа како во Рим сите да се возбудуваат и кога минимално ќе ја кренете летвичката“.
„Но запомнете што сум кажал, тие ќе се мачат да дојдат до топ четири“.
Рома е клубот за кој Касано има најмногу настапи во кариерата. Таму играше пет години, од 2001 до 2006 година.