253
Мурињо често има пофалби за Карсдроп, а и самиот фудбалер под водство на Португалецот е посветен на работата.
„Мурињо ме прави подобар фудбалер. Порано уживав да пијам и да излегувам, но сега тоа не се случува повеќе. Причината која дојдов да играм во странство е точно за проектот на Рома“, вели Холанѓанецот.
Карсдроп потекнува од школата на Феенорд. За сениорскиот тим на овој клуб играше од 2014 до 2017 по што се пресели во Рома.
Во сезоната 2019-2020 беше вратен на позајмица во Фенеерод, но потоа остана во Рома.