Кариус пак по старо: Сакаше да боксува, ја промаши топката и подари победа (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Шалке загубија дома од Хановер (1-2) во Втората Бундеслига.

Директен виновник за овој пораз беше Лорис Кариус кој направи голем кикс при вториот гол за гостинската екипа на „Велтинс Арена“. Голманот по корнерот на Леополд буквално ја промаши топката, а потоа Хавард Нилсен погоди за конечните 1-2.

Кариус стекна негативна репутација поради двете големи грешки во финалето на Лигата на шампионите кое Ливерпул своевремено го загуби од Реал Мадрид кога испушташе топки од раце…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани