Кариљо промаши празен гол од два метри, Реал со играч помалку се спасуваше од елиминација (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид се пласираше во четвртфинале во Купот на Шпанија, вечерва избраниците на Карло Анчелоти славеа со 1-2 на гостувањето кај Елче.

Домаќините имаа убава прилика рано да го шокираат фаворитот но Кариљо од два метри промаши празен гол и ја погоди пречката.

Елче сепак успеа да дојде во водство во 103. минута, Верду од слободен удар го погоди живот ѕид но беше поуспешен во вториот обид и ја затресе мрежата за 1-0.

Реал остана и со играч помалку откако Марсело заработи црвен картон, но успеа да направи пресврт.

Иско во 108. минута изедначи на 1-1, за Азар во 115. минута да погоди за 1-2 и продолжување на настапот во Копа дел Реј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×