Емилијано Сала
трагично загина кога авионот со кој патуваше кон Кардиф да ја започне новата
фудбалска авантура се сруши во Англискиот канал на 21. јануари.
И покрај немилиот
настан, бизнисот за Нант и Кардиф продолжува, па „канаринците“ неодамна се
заканија со тужба доколку не ја добијат првата рата од 6 милиони евра од
трансферот вреден 17 милиони евра.
Кардиф одбива да
плати се додека не се разјаснат сите околности за трагедијата, и клубот од Велс
испитува дали имало одредени неправилности поради кои договорот може да биде
неважечки. Двата клуба синоќа постигнаа компромис исплатата да биде одложена за
една недела, односно до 27. февруари,
Медиумите од
Англија сега пренесуваат за грешка, но која била направена од страна на Кардиф,
и поради која семејството на Емилијано Сала може да остане без надоместок на
штета од 600.000 фунти.
Тајмс пишува дека
Кардиф направил грешка при регистрацијата на договорот на Аргентинецот, па
Премиерлигата им ги вратила документите, побарала да се направи исправка и
Емилијано Сала одново да стави потпис, но напаѓачот не можел да го стори тоа откако
загина по падот на авионот.
Секој играч, кога
ќе биде регистриран при Премиерлигата по автоматизам станува дел од пензиската
шема на Професионалната асоцијација на фудбалер, која на семејството исплаќа
600.000 фунти во случај на смрт.
Сепак, Професионалнаа
асоцијација на фудбалер најави дека ќе побара од пензискито фонд да ја исплати
оваа сума и покрај неуспешната регистрација, со оглед на тоа дека Емилиано Сала
ставил потпис на договорот со Кардиф.