Челси се најде
под низа санкции како клуб поради фактот што за сопственик го има Роман
Абрамович, кој се наведува како близок до Владимир Путин, а сето тоа како
одговор на властите на Островот поради руската инвазија во Украина.
Поради таквата
ситуација, сигурно дека постои неизвесност во таборот на „Сините“ од Лондон, а
Џејми Карагер смета дека Манчестер јунајтед мора да ја искористи можноста да го
ангажира Томас Тухел.
„Манчестер
јунајтед има иделна прилика да го ангажира тренерот кој би требало да биде
нивната цел број еден, Томас Тухел“ напиша Карагер во својата колумна на „Телеграф“.
„Со оглед на
околностите во кои се најде Челси, веројатно одлуката на Манчестер јунајтед да
сочека до крајот на актуелната сезона по прашањето за тренерската позиција,
сега се чини како најпаметна, еден од најдобрите тренери во светот мора да биде
на врвот од нивната листа на желби“ порача поранешниот фудбалер.
„Тухел, како и
сите останати на „Стемфорд Бриџ“, ќе немаат никаква претстава за тоа што ќе
донесе иднината со оглед на ситуацијата во клубот, никој нема да може да им
даде гаранции, а ниту еден тренер не би сакал да работи во такви околности,
доколку добие прилика да седне на клупата на Манчестер јунајтед, тој мора да го
прифати тоа“ заклучи Карагер.