Карагер: Ако Гвардиола, Клоп или Тухел го имаа составот на Манчестер јунајтед, ќе ја освоеја Премиерлигата

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед никако да освои било каква титула со Оле Гунар Солшер. Норвежанецот ја има поддршката и од навивачите и од раководството на клубот, но посакуваните резултати се уште ги нема.

Во дебата со Гери Невил на „Скај Спортс“, Џејми Карагер рече дека на Јунајтед му треба тренер за да освојува.

„Доколку Гвардиола, Клоп или дури и Тухел го имаа составот на Јунајтед, мислам дека ќе ја освоеа лигата, навистина верувам во тоа“, рече Карагер.

„Јунајтед потроши пари колку и Сити, колку и Челси, но не мислам дека ќе ја освојат лигата оваа сезона. Со овој состав за нив неприфатливо треба да биде да завршат трети или четврти“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×