Капитените на Барса му дале поддршка на Куман, но и го предупредиле дека одбрал опасна патека

by
1 минути читање

Роналд Куман денеска се појави на прес конференција, но наместо да одговара на новинарски прашања, тренерот на Барселона само прочита кратко соопштение, стана и си замина.

Според пишувањата на АС, Холанѓанецот ги известил четворицата капитени за својата намера, како и за содржината на соопштението и побарал нивно мислење.

Капитените му дале поддршка, но го предупредиле дека одбрал опасна патека и нема враќање назад.

АС додава дека Куман бил многу лут и одбил да се повлече од намерата. Тој е разочаран од однесувањето на бордот, смета дека од раководството до медиумите протекуваат имиња за нови тренери, а при разговорите лице во лице, сите му велат дека се е под контрола.

Сега останува да се види каква ќе биде реакцијата на Жоан Лапорта, не се исклучува можноста Роналд Куман веднаш да добие отказ и да не ја предводи Барса против Кадиз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани