Капинковски првпат прозиваше, Пелистер ги започна подготовките за новата сезона

by 24 фудбал
1 минути читање

Новиот проект на ФК Пелистер започна со новиот борд на директори, на чело со Александар Стефановски, новиот координатор на пионерско-младинската школа, Марјан Секуловски, а од пред десетина дена нов шеф на стручниот штаб е Димитар Капинковски. 

Со денешниот состанок и прв тренинг, битолски Пелистер ги започна подготовките за новата сезона. Димитар Капинковски попладнево прозиваше на стадионот „Петар Милошевски“, а од ланската екипа присутни беа само дел од фудбалерите со постоечки договори и оние кои летово потпишаа нови (Ристевски, Гроздановски, Миленковскк, Трајковски, Наумоски, Керим). Најзвучно засилување е враќањето на Стефан Спировски. На истекот на договорот клубот го напуштија: Дејан Ѓуриќ, Захар Тарасенко, Фернардо Брито Карваљо, Масааки Такахара, Бојан Спиркоски, Виктор Серафимовски, Даниел Карчески и Стефан Костов. Кон првиот тим се приклучени и најталентираните младинци (Јован Мрмарчевски, Андреј Мурговски и Ерџан Фејзуловски).

Екипата ќе тренира во Битола, а во втората фаза ќе одигра пријателски натпревари со Струга Трим Лум, Трајал Крушевац, Егалео, Охрид. Новата сезона во Првата лига ќе започне на 8/9/10 август.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×