137
Во среда Ерменија и Македонија во Кипар ќе се борат за првото место во групата кое води во Лига Б. Нам ни е доволен и бод, тие мора да победат.
Селекторот на Ерменија, Хоакин Капарос очекува тежок меч против нашата селекција.
„Знаеме дека пред нас е тежок натпревар. Сите тимови во групата се израмнети, ние сме во група со многу израмнети противници. Ќе се подготвиме за натпреварот против Македонија и ќе играме со голема желба да го добиеме. Тие се многу силен тим кој игра тимски фудбал, но ќе се обидеме да победиме“, вели Капарос по синоќешната победа над Грузија.