816
Французинот
мораше да ја „лади главата“ девет месеци откако наседна на провокацијата од
трибините и со конг-фу потег удри фан на Кристал Палас во јануари 1995.
Ерик Кантона сега
го прокоментира големиот инцидент, вели дека не жали и требал посилно да го
удри фанот.
„Имам кажано и
претходно, требаше да го удрам посилно!” – вели легендата на Манчестер јунајтед. „Но можеби утре ќе
кажам нешто друго”.
„Не жалам.
Чуството беше одлично! Двајцата научивме нешто од инцидентот”.
„Девет месеци
надвор од теренот беше цела вечност, на моменти ми беше многу тешко, но
благодарејќи на Фергусон ја освоивме двојната титула со нова генерација”.