Кансело за грабежот во неговиот дом: Ужасен момент кој го тероризираше моето семејство

by
1 минути читање

Пред околу два
месеци ѕвездата на Манчестер Сити, Жоао Кансело беше нападнат во својот дом од
крадци кои му нанесоа неколку расекотини на главата, а Португалецот тогаш за
јавноста обзнани дека неговото семејство било нападнато од четворица.

Португалецот пружил
отпор, а тогаш наведе дека најважното од се
му било што го заштитил своето семејство, а сега
открива како тој грабеж го тероризирал неговото семејство.

Тоа е животот,
се случува, тоа беше ужасен момент, момент кој го тероризираше моето семејство,
тие не заслужија да поминат низ сето тоа
“ вели Кансело кој сепак играше на
мечот против Арсенал само два дена по тој настан.

Ја загубив
својата мајка во 2013 година, но морав да продолжам понатаму, имав многу
потешкотии во животот кои морав да ги надминам, како и да е, многумина иако се
обидоа да страдам, сепак не успеаа во тоа
“ подвлече Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×