157
Жоао Кансело
стави потпис на нов договор со Манчестер Сити кој ќе биде со важност до 2027
година, со тоа што португалскиот бек всушност придодаде дополнителни две години
од актуелниот договор со „Граѓаните“.
Португалецот се
наметна како клучен во тимот на Пеп Гвардиола сезонава играјќи во фантастична
форма, а доби и финансиска награда за одличните перформанси во својот договор.
Кансело запиша
106 настапи за „Граѓаните“ и освои три титули со клубот од Манчестер по
трансферот од Јувентус вреден 60 милиони фунти во 2019 година.