Кан за Левандовски: Не сме луди да продадеме напаѓач кој дава по 30-40 голови секоја сезона

by
1 минути читање

Актуелниот договор на Левандовски со Баерн Минхен истекува во јуни 2023 година. Гласни се шпекулациите дека тој сака да си оди и има контакт со Барселона.

Но во германскиот гигант немаат намера да се откажат од Левандовски, Кан вели дека напаѓачот ќе биде таму и следната сезона.

„Дефинитивно ќе го имаме Роберт и следната сезона со нас“, вели Кан.

„Не сме луди да разговараме за трансфер на играч кој постигнува по 30-40 голови секоја сезона“.

„Имаме договор со Роберто до јуни 2023 и преговараме за нов“.

Информациите од Германија велат дека Левандовски сака договор до 2025 година, во спротивно ќе побара да си оди од Баерн Минхен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×