157
Селекцијата на
Камерун е првиот патник во нокаут рундата од Африканскиот куп на Нации откако
со 4-1 денеска беше подобар од Етиопија во второто коло од групата „А“, а
фаворитот тргна со негатива.
Хотеса уште во 4
минута донесе почетно водство за Етиопија, но радоста за таа селекција траеше
само четири минути откако Токо Екамби израмни на 1-1.
По паузата,
Абубакар со два гола во низа, најпрво во 53, а потоа и две минути подоцна
донесе предност од 3-1 за Камерун, кој со вториот гол на Токо Екамби, овој пат
во 67 минута ги постави конечните 4-1.