637
Камавинга кој потпиша за Реал Мадрид во самиот финиш од преодниот рок, синоќа слета во шпанската метропола, а утрнава ги помина медицинските тестови.
Потоа се појави на прес конференцијата на која ја имаше официјалната презентација. Интересно, Камавинга со себе ја понесе и фамилијата, неговите родители и браќа и сестри.
„Многу сум среќен и горд што сум тука. Сакам да му заблагодарам на претседателот на Реал Мадрид и на мојата фамилија, бидејќи тие направија ова да се случи. Доколку некој пред неколку години ми кажеше дека ќе бидам тука, немаше да верувам, Хала Мадрид!“, рече Камавинга.