Калверт Луин е незадржлив, Евертон победи на Кревин Котиџ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Евертон четири меча беше без победа во Премиерлигата од кои губеше на последните три, тимот на Карло Анчелоти конечно им се врати на победите.

Само по неколку секунди игра, по асистенција од Ришарлисон, Калверт Луин погоди за водство од 1-0. Но веќе во 15. минута Реид изедначи на 1-1.

Во 29. минута асистенција на Дињ до Калверт Луин кој реаизира повторно и го враќа водството на Евертон, шест минути подоцна Докуре зголемува на 3-1.

Во 68. минута Фулам промаши пенал, Кавалеиро се лизна и неговиот шут заврши над голот, но две минути подоцна Лофтус Чик даде гол, намали на 3-2 за интересен финиш.

Сепак Фулам не успеа да погоди и по трет пат, Евертон дојде до трите бода со кои се качи на шестата позиција на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани