Калверт-Луин даде нов гол, но Евертон не го победи Барнли (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Падот на формата на Евертон е очигледен, благодарение на одличниот старт на сезоната се уште се во првата половина на табелата. Овој пат одиграа само 1-1 со препоследниот Барнли.

Домаќините погодија во третата минута со гол на Брејди, а во судиското продолжение од првиот дел Калвер-Луин изедначи на 1-1.

Во финишот од натпреварот и двете екипи имаа по една голема шанса да дојдат до победата, но голманите Пикфорд и Поуп добро си ја завршија работата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани