50
Јувентус попладнево соопшти дека во целост го купил Пјер Калулу, „старата дама“ на Милан ќе му плати 14,3 милиони евра на три рати, како и додатни 3 милиони евра во бонуси.
Пјер Калулу денеска полни 25 години, а за роденден доби перманентен трансфер во Јувентус.
„Старата дама“ ја искористи опцијата во целост да го купи дефанзивецот и ги откри деталите од зделката.
Јувентус на Милан ќе му плати 14,3 милиони евра на три рати, како и додатни 3 милиони евра во бонуси.
Пјер Калулу ќе стави потпис на договор до 30. јуни 2029 година.