Какво голчиште: Николовска речиси со „бомба“ од речиси половина терен ја израдува Македонија (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Женската репрезентација на Македонија продолжува со добри резултати во квалификациите од Лига Ц за Светското првенство, откако славеше и на гостувањето кај Андора со 0-1.

Избраничките на селекторот долго време се мачеа да го скршат отпорот на домаќинот, но решението пристигна во самиот финиш. Во 86 минута, Павлина Николовска постигна ефектен погодок од слободен удар од голема далечина и донесе нови три бода.

Ова е втора победа за Македонија против Андора во овие квалификации, со што нашите девојки го задржуваат позитивниот ритам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×