Каква казна може да добие Јувентус?

by
1 минути читање

Финансиска полиција синоќа изврши претрес во канцелариите на Јувентус, инспекторите прибарале документи поврзани со трансферите од последните три години, постои сомнеж дека со нереални суми на зделките се „штелувале“ сметките и билансите.

Медиумите од Италија пишуваат дека во зависност од тоа што ќе успее да докаже обвинителството, ќе се одреди и висината на казната.

Во 2008 година, слична истрага имаше и против Интер и Милан, но двата клуба не добија никаква казна бидејќи било невозможно да се утврди која е фер цената на еден трансфер бидејќи немало адекватни мерки.

Во 2018 пак на Киево му беа одземени три бода поради прекршување на правилата за сметководство во континуитет.

Се говори дека Јувентус сега ризикува парична глоба, одземање бодови па дури и преселба во Серија Б доколку истрагата покаже дека „старата дама“ стигнала до лиценца за настап во првенството со помош на „штелувањето“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани