Каква глупост: Навивач удри фудбалер на Шефилд јунајтед и веќе никогаш нема да стапне на стадионот на Нотингем форест (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По вчерашната победа на пенали над Шефилд јунајтед, навивачите на Нотингем форест влегоа на теренот да ја прослават победата на своите фудбалери.

Но во топлата се најде и еден навивач кој направи голема глупост за која ќе жали до крајот на животот.

Тој со глава го удри фудбалерот на Шефилд јунајтед, Били Шарп, кој е и поранешен играч на Нотингем форест.

Клубот излезе со соопштение во кое му се извини на Шефилд јунајтед и на Шарп, а за својот навивач најави дека ќе го казни со доживотна суспензија за влез на стадионот.

Во меѓувреме излезе соопштение и од полицијата која потврди дека го идентификувала и го уапсила навивачот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани