Каква чест за Рашфорд: Погледнете што стори Евертон за фудбалерот на ривалот (ФОТО)

by
1 минути читање

Кампањата на
ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд околу обезбедување на бесплатен
оброк за децата наиде на пофалби од сите страни, а од Евертон денеска се
погрижија тоа да добие и своевидна награда за нивниот денешен ривал на теренот.

Евертон и
Манчестер јунајтед денеска се среќаваат во рамките на осмото коло од
Премиерлигата, а домаќините приредија еден прекрасен гест откако на „Гудисон
парк“ осамна порака на видео бимот.

Ти благодариме што
се грижеше за своите деца на кои им беше потребен глас, овде на Мерсисајд и
околу целата земја
“ гласеше пораката, а не успеа да се воздржи ниту тренерот на
домаќините, Карло Анчелоти кој исто така се одзва на социјалните мрежи.

Слушам дека
нашите навивачи му се заблагодарувааат на Маркус Рашфорд за неговата неверојатно
добра кампања за да се осигура дека ниту едно дете нема да остане гладно во
земјава, јас исто така ќе испратам честитки, во фудбалот ние имаме
привилегирана позиција каде луѓето го слушаат нашиот глас, Маркус ја користи таа
платформа
“ напиша Италијанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани