Подготовките на Арсенал за клучната недела од сезоната се сериозно нарушени, откако дури пет важни фудбалери не тренираа пред решавачките натпревари во Лига на шампиони и Премиер лигата.
Надвор од тренажниот процес беа Мартин Одегард, Деклан Рајс, Букајо Сака, Јуриен Тимбер и Рикардо Калафиори, што создава сериозна неизвесност во пресрет на реваншот против Спортинг.
Посебно загрижува состојбата со Рајс, кој одигра цел натпревар против Борнмут, но потоа не бил способен да тренира.
„Не сакам да навлегувам во детали. Треба да почекаме и да видиме каква е ситуацијата“, изјави Микел Артета.
Арсенал во дуелот со Спортинг влегува со предност од 1-0 од првиот натпревар, а веќе за викенд го очекува и дербито против Манчестер Сити во битката за титулата.