2,K
БиБиСи пренесува
интересна сторија за фан на „Црвените“ од Јужна Кореја кој решил да вози
велосипед до Ливерпул за да го гледа својот тим како настапува на Енфилд.
Џунгју Ли тргнал
на пат во јуни, и по 235 дена и поминати над 10 000 милји стигнал во Мерсисајд на време
за дуелот со Челси.
Но тогаш настанал
неочекуван проблем, тој немал билет за натпреварот а сите карти веќе биле
продадени па на крајот средбата морал да ја гледа во паб.
„Црвените“ не
биле запознаени со подвигот на фанот од Јужна Кореја, па кога дознале од
медиумите, му понудиле тура на Енфилд и билет за дуелот со Тотенхем кој е на
програмата на 11. февруари.