Поради
пандемијата на коронавирус, клубовите од Шпанија претрпеа голем удар.
Најсериозна е ситуацијата на Барселона, која сега мака мачи да најде начин како
да го обнови договорот на Лео Меси и да регистрира нови засилувања.
Жоан Лапорта во
неколку наврати побара поголемо разбирање и толеранција од Хавиер Тебас околу правилата за селари-кап, но првиот
човек на Ла Лига одби да прогледа низ прсти, дури ниту за најдобриот фудбал на
денешницата и најголемиот промотор на шпанскиот фудбал, Лео Меси.
Сепак, Хавиер
Тебас успеа да и „помогне“ на Барселона откако обезбеди огромна финансиска
инекција, постигнат е историски договор со ЦВЦ Инвестмент, фондот на шпанските
клубови ќе им стави на располагање 2,7 милијарди евра.
15% од оваа сума веднаш
ќе може да се употреби за засилување на составите или за плати, додека
останатиот дел е наменет за структурни подобрувања на стадионите и тренинг
центрите.
Барселона ќе добие
најголем дел од колачот или околу 270 милиони евра, па Жоан Лапорта и неговите
соработници ќе имаат поголем простор за маневар кога е во прашање новиот
договор на Лео Меси и регистрација на новите засилувања.