Напаѓачот изминативе
денови е во фокусот на јавноста откако беше откриено дека ќе направи трансфер
во Челси, „сините“ ја добиваат битката со Ливерпул и Манчестер јунајтед и во
следните денови ќе ја активираат откупната клаузула во неговиот договор вредна
60 милиони евра.
Се чини дека Тимо
Вернер со мислите веќе е во Лондон, денеска против Падерборн се избрука и
промаши празен гол. За болката да биде поголема гостите казнија во 92. минута и
си заминаа со бод.
Секако, потегот
на голгетерот беше причина за ривалите на Челси да фаќаат сеир на социјалните
мрежи.
Congratulations, @ChelseaFC.
Y’all are really aiming for glory now, nobody will be ready.
— Complaxes (@Complaxes) June 6, 2020