Иако не е во најдобар период со Вест Хем, во финишот од мечот против ВБА кој заврши 2:2 беше пратен на трибините откако буквално експлодираше крај аут линијата по една судиска одлука, Билиќ покажа фантастичен гест каков што не би направиле многу тренери.
Според приказната на таткото на момчето, тие со неговиот син Алф отишле во тренинг центарот на Вест Хем со цел да ги запознаат фудбалерите и чекале на паркингот. Алф ги запознал сите со исклучок на Енди Керол, но за неговиот сон да стане комплетен се погрижил Билиќ.
Таткото Мет Хил преку социјалните мрежи ја сподели приказната:
„Вест Хем каков човек имате. Неговиот гест на љубезност треба да добие признание за она што го направи вчера за мојот син“ – напиша таткото на својот твитер профил и сподели слика од својот фејсбук во кој раскажува:
„Славен Билиќ, каков човек!…“
„Денес го однесовме Алф до тренинг центарот да се обидеме запознаеме некои од фудбалерите“.
„Ги видовме сите останавме да го чекаме само Енди Керол кога Славен излезе со неговата кола да си оди дома“.
„Тој ни кажа дека Керол ќе се задржи бидејќи правел уште некои фитнес вежби, па го зема Алф во неговата кола, се врати во тренинг центарот и го запозна со Енди Керол!“
„Каква апсолутна ѕвезда си Славен, му го направи животот!“.
„Се надевам дека овој пост ќе дојде и до него бидејќи не можев доволно да му се заблагодарам тогаш“.
@WestHamUtd what a man you have in charge. His act of kindness should be recognised for what he did for my son yesterday. #WHUFC #SUPERSLAV pic.twitter.com/cx02brYc75
— Matt Hill (@matthill_33) February 15, 2017