Синоќа, ПСЖ
повторно во нападот ги имаше Лео Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, но триото одново
не преставуваше голема опасност по противничкиот гол.
Во последните 15
минути, Маурисио Покетино се обиде со поинаков пристап да стигне до победа, па
го повлече од игра Лео Меси. На напаѓачот не му се допадна ваквиот потег,
негодуваше на замената, одби да се поздрави со тренерот и му дофрли нешто кога
го напушти теренот.
Очигледно Лео
Меси не беше многу расположен по ваквиот развој на настаните, па остана ладен
на клупата кога неговиот сонародник Мауро Икарди погоди за 2-1 во 94. од мечот.
И додека сите на
клупата скокнаа да се израдуваат, Лео Меси остана на своето столче, а и кога
стана неколку мигови подоцна, не покажа никакви емоции.
Leo Messi not happy with compatriot Icardi scoring the winning goal for PSG.pic.twitter.com/KgH10OLtux
— AYUSH (@ayush_RMA) September 20, 2021