Медиумите од Италија откриваат повеќе детали од преговорите помеѓу Душан Влаховиќ и Јувентус кои ова недела дефинитивно пропаднаа, па напаѓачот беспари ќе го напушти Торино ова лето.
По четири ипол години, приказната меѓу Јувентус и Душан Влаховиќ завршува. Преговорите кои траеја со месеци, оваа недела завршија без да падне договор, па Србинот ќе си бара нов клуб.
Медиумите од Италија сега откриваат повеќе детали од зад сцената и како пукнала тиквата помеѓу двете страни.
Кога спортскиот директор Дамиен Комоли минатото лето пристигнал во Јувентус, веднаш го известил Душан Влаховиќ дека сака да му најде нова средина, за да не го изгубат беспари, но и поради желбата новото засилување Жонатан Давид да добие централна улога во проектот.
Сепак, Душан Влаховиќ одби да замине и реши да се избори за свето место во тимот. Иако најголем дел од навивачите застанаа на страна на клубот, а и тренерот Игор Тудор се сложи дека не треба да има место за напаѓачот, бледите партии на летните засилувања Жонатан Давид и Луис Опенда ја отворија вратата за враќање на Србинот во тимот, кој веднаш одговори со голови и добри настапи.
Со доаѓањето на Лучано Спалети драстично се промени ситуацијата во полза на Душан Влаховиќ, новиот тренер силно верува во него, повторно го прави важен дел од тимот, па на негово инсистирање, Јувентус повторно седнува на маса со Душан Влаховиќ.
„Старата дама“ тогаш се решава за друга тактика, го заобиколува агентот Дарко Ристиќ и отвара преговори со таткото на играчот, Милош и со него начелно постигнуваат согласност за плата од 6 милиони евра по сезона, треба да се испеглаат само провизиите и бонусот за потпис.
Но кога сега двете страни седнале да ги финализираат преговорите, барањата на Душан Влаховиќ и неговиот татко пораснале на 8 милиони евра по сезона, плус додатни 8 милиони евра како бонус за потпис.
Понудата на Јувентус останала на 6 милиони евра по сезона, плус додатни 3 милиони евра како бонус за потпис.
Во еден момент Душан Влаховиќ и неговиот татко се почувствувале навреди од предлогот, па порачале, „Зарем треба да имам иста плата како Давид?!“ алудирајќи на платата од 6 милиони евра на Жонатан Давид, кој не прикажа ништо оваа сезона.
Одговорот бил прилично остар: „Зарем мислиш дека заслужуваш повеќе од Кенан Јилдиз?“
Тука пукнала тивката помеѓу Душан Влаховиќ и Јувентус, односите биле нарушени и немало простор за компромис.