25 годишниот
Филип Линхарт е стандарден првотимец во Фрајбург и полека се промовира во еден
од подобрите дефанзивци во Бундеслигата. Како младинец, тој има поминато три години
во Реал Мадрид, соработуваше со Зинедин Зидан во Кастиља а успеа и да дебитира во
првиот тим (настап во Копа дел Реј).
Во разговор со
Трансфермакт, тој откри како е во акдемијата на „кралевите“ и вели дека поради
парите пропаѓаат многу таленти.
„Во Реал Мадрид,
можете да видите играчи од У17 тимот како се шетаат со несесери од по 500 евра.
Мислам дека тоа не е добро и не е потребно“ – вели Филип Линхарт.
„Критички сум
настроен кон тоа младите фудбалери да заработуваат многу пари. Опасно е кога
младите фудбалери заработуваат многу, можат да го загубат чувството за реалниот
свет и тоа што е најважно во животот. Може да почнат да мислат дека веќе успеале. На
овој начин пропаѓаат многу таленти, тешко е да останете со нозете на земја…“ –
вели Филип Линхарт.